ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен 40-годишник во чија куќа вчера беа пронајдени четворицата малолетници

Полицијата приведе 40-годишен маж во чија куќа биле пронајдени 4 лица на возраст до 18 години во бессознание и со телесни повреди. Лицето со иницијали Д.Ѓ. како оштетен и воедно сопственик на куќата пријавил во полициска станица дека бил нападнат од малолетник, но по интервенција на полицијата, пронаоѓањето на малолетниците и нивното пријавување на Клиниката за токсикологија, пријавителот завршил со лисици. Ниту полицијата ниту Јавното обвинителство не отркиваат што точно се случувало додека трае истрагата.

Advertisements

Од Клиниката за токсикологија соопштија дека состојбата на малолетниците е стабилна и продолжуваат со лекување. За разлика од полицијата, од Одделението за токсикологија соопштија дека анализата на крвта на четворицата пациенти покажала дека користеле психотропни супстанци, но немало присуство на алкохол.

Во куќата на 40-годишникот, полицијата вчера пронајдени малолетници на возраст од 14-17 години, две момчиња и две девојчиња, благодарение на пријавата која била од сопственикот на куќата, кој на полицијата и рекол дека бил нападнат во дворот на куќата, но органите на редот по телата на двајца малолетници пронашле траги на насилство. Истрагата на обвинителството треба да ја докаже одговорноста на 40-годишникот во врска со 4-те малолетници и настанот во неговиот дом.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button