ВЕСТИЗДРАВСТВО

Експерти: Да се забрани дел од содржината на социјалните мрежи

Државата да ја ограничи достапноста на дел од содржните на социјалните мрежи кои претставуваат иницијална каписла за ширење на врсничкото насилството меѓу младите бара стручната јавност. На социјалните мрежи, младите генерации поминуваат најголем дел од своето време, велат тие.

Advertisements

„Сајбер насилството се појави како новина од минатата година, кое дури почнува и да се комерцијализира, што е голема штета во превенцијата од врсничко насилство. Имате голем број деца, кои сега во оваа ера на дигитализација, на паметни телефони имаат многу добри услови да снимаат и потоа тоа да го објавуваат на свои ју туб канали, каде го продаваат“, рече Владо Димовски-Центар за толеранција и доживотно учење.

Врсничкото насилство е се поприсутно помеѓу младите во Македонија. Тоа велат експертите се должи најмногу на домашното воспитување, социјалната припадност, но и на новите општествени трендови.

„ Има и родители кои даваат подршка на децата насилници. Имавме врсничко насилство, кога девојчиња се тепаа во центарот на Скопје, и таткото на едното од девојчињата закупи билборд и јавно бараше правда“, додава Димовски.

Димовски додава дека е неопходно државата да се позанимава со овој проблем, бидејки вели граѓанскиот сектор може да работи единствено на едукација и превенција меѓу децата. Во последните години, младите се почесто се охрабруваат да го пријават булингот во МВР и досега се регистрирани вкупно 1189 случаи на врсничко насилство. Булингот го има не само во рамките на училиштата, туку и надвор од него. Истражување на Институтот за човекови права во средните училишта во земјата, покажа дека околу 20% од учениците-најголем број девојчиња биле жртва на онлајн врсничко насилство.По основ на етничка припадност една третина од учениците Роми рекле дека биле жртви на онлајн врсничко насилство, што е значително повеќе од било која друга етничка заедница.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button