
Кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп беше итно изнесен од бината од припадници на Тајната служба на митинг во Батлер, Пенсилванија, откако одекнаа истрели од огнено оружје, а Трамп се фати за увото, објави фоксњуз.
Поранешниот претседател на САД штотуку почна да зборува и да ја разгорува толпата кога се слушнаа повеќе од пет истрели и тој беше изнесен, опкружен од агенти на тајната служба, а во публиката се слушаа вресоци.
„И тогаш ја презеде функцијата најлошиот претседател во историјата на нашата земја. И погледнете што се случи со нашата земја. Веројатно 20 милиони луѓе [влегоа нелегално]. И, знаете, тоа е малку старо, таа табела… Табелата е стара неколку месеци, а ако сакате навистина да видите нешто толку тажно, погледнете што се случило…“, рече Трамп пред да одекнат пукотници.
⚡️Closer angle of the attempted assassination on former president Donald Trump. He was hit in the ear. pic.twitter.com/K5kFoat86O
— War Monitor (@WarMonitors) July 13, 2024
Додека го симнуваа од бината, личеше како да има крв на главата, а Трамп побара за момент да застанат и пркосно ги крена рацете.
На интернет веќе се шират фотографии од Трамп со крвава глава.