ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН: Легитимитетот на Албанците е во тие што ја донесоа промената

Лидерите на коалицијата ВЛЕН бараат од ДУИ во опозиција да ги почитува правилата на демократијата. Арбен Таравари рече дека првиот човек на ДУИ Али Ахмети мора да ги издржи во опозиција, првите 100 дена од работата на новата Владата. Според него, легитимитетот на Албанците е во тие што ја донесоа промената.

Advertisements

„Се случи историската промена на Албанците. Тоа е нова политичка генерација. Даваме се од себе преку институциите и сме апсолутни претставници на Албанците. Ви посакувам мир и здравје. Верувам дека после 100 дена ќе зборуваме за успеси или ако имаме неуспеси, тука сме да не критикуват вака функционира вистинската опозиција. Го сметам господинот Ахетми за мудар и паметен човек кој ќе се однесува како вистински опозиционер и навистина му личи опозицијата“, рече Таравари.

Изет Меџити оценува дека ДУИ има една грижа а тоа е затворањето на казината. Според него, автентичното толкување што започна во Собранието на Законот за коцкање, ќе затвори поголем дел од акционерските друштва а со тоа и отстранување на казината од домот и мобилните телефони на секој граѓанин.

„Веројатно мислеа да одржат масовен митинг, но не успеаја. Видоа дека немаат поддршка од народот. Мислам дека тоа што не седат мирни 100 дена, што е правило на демократијата, покажува дека имаат друга грижа. Пред 2-3 дена во Собрание ја отворивме темата за која силно зборувавме во кампањата, односно работата на казината и се виде дека не сме зборувале само за гласови. Не поставивме директор или заменик директор во Лотарија за да покажеме дека не учествуваме во коцкањето, на демонстративен начин да покажеме дека нашата посветеност не е на коцкањето, туку на проблемите на граѓаните, нивното решавање и унапредување на aлбанските прашања“, вели Меџити.

Додека ВЛЕН не ја започна постапката за автентично толкување на законските членови кои се однесуваат на онлајн коцкањето, Европскиот фронт предложи закон со кој се предвидува итно затворање на сите казина и онлајн коцкање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button