Продолжува хаосот со приватните превозници-се чека на средба со новиот директор на ЈСП

„Кај нас нема решение, ниту ќе има. Државата како држава, главниот град Скопје, нема автобуси, тоа не се случува никаде во светот, па ни во Африка“…
Вака граѓанин кој со часови чекал автобус на екстремно високите температури. За исполнување на секојдневните обврски, граѓаните велат дека се принудени да плаќаат такси иако имаат месечна карта за јавен превоз.
„Овде сум еден час, генерално секој ден е вака, автобусите се намалени, овие приватниве воопшто не работат“, вели еден граѓанин.
Кога пак ќе дојде автобус, тие се преполни и едвај се наоѓе место да се влезе.
Според нашите информации, ваквата состојба ќе продолжи и во наредните денови, додека за граѓаните ќе биде уште потешко бидејќи редуцирањето на приватните автобуски линии ќе се помести од 17 часот. Револтот на превозниците е поради, како што велат, неплатениот долг од ЈСП, кој според нив изнесува околу 2 милиони евра. Средбата со новиот директор на ЈСП и покрај повикот од приватните превозници се уште не е одржана.
Авни Тахири