ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер за кадровските именувања на владата

Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, во интервју за Алсат упати критики до новиот владин кабинет, нагласувајќи дека има луѓе кои се со под соодветни квалификации. Но, според неа, ова не е ниту прва ниту последна Влада која има такви луѓе во својот состав. Агелер вели дека од досегашните средби стекнала впечаток дека соработката ќе продолжи на повисоко ниво.

Advertisements

„Мислам дека ова не е прва влада каде што сме виделе министри или други функции кои веројатно се со под соодветни квалификации, а нема да биде ниту последна. Но, јас сум многу уверена, врз основа на моите состаноци и разговори досега, дека нашите односите само ќе продолжат да растат. И јас го очекувам тоа“, рече Агелер.

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со оценката Агелери. Тој вели дека е задоволен од новите кадри во владиниот кабинет и дека судот за ефикасноста на извршната власт го носат граѓаните, а не кој било друг.

Изјавата на амбасадорот Агелер доаѓа само три недели по формирањето на новата Влада. Во меѓувреме и опозицијата упати критики до власта, но парламентарното мнозинство побара трпение и почитување на основниот услов на демократијата, за првите 100 дена.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button