МАКЕДОНИЈА

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан во главата

Познатиот бизнисмен Чедомир Радомоовиќ почина како последица од тешките повреди здобиени најверојатно од огнено оружје. Бил пронајден доцна синоќа во близина на скопското село Орман, покрај паркиран автомобил. Екипата на Итната медицинска помош го затекнала застрелан со раскрварена глава, а покрај него имало пиштол и чаура. И покрај брзата интервенција, на пат до скопските клиники каде требало да биде пренесен, Радомировиќ им подлегнал на повредите.

Advertisements

Од полицијата велат дека е поведена истражна постапка и не соопштуваат дали станува збор за убиство или самоубиство. Најавуват дека повеќе информации може да се очекуваат во текот на денoт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button