ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
НА ГП Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола поради активен пожар.
Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.