
Американскиот претседател Џозеф Бајден, во интервју за Ен-Би-Си њуз изјави дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат републиканскиот кандидат Доналд Трамп „нивна мета“, но нагласи дека насилната реторика е проблем што го има Трамп, а не тој.
„Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата … Јас не сум тип кој кажува такво нешто. Јас не сум тип кој одби да го прифати исходот од изборите. Јас не сум тип кој рече дека нема да го прифати исходот од овие избори. Фокусот е на она што тој (Трамп) го зборува и на неговата идеја“, рече Бајден.
Бајден на 8 јули, говорејќи за неговиот слаб настап во ТВ дебатата, им кажа на донаторите дека има една задача, а тоа е „да го победи Трамп“.
„Доста се зборува за ТВ дебатата. Тој треба „да биде погоден во центарот“, рече тогаш Бајден.