СПОРТФУДБАЛ

Eкипите од Македонија ги дознаа противниците во Купот на ЕХФ

Македонија во новата сезона ќе има три претставници во машкото издание на Европскиот куп на ЕХФ, Тиквеш кој ќе почне од првото коло и Алкалоид и Охрид кои ќе ги почнат мечевите од второто коло во ова натпреварување.

Advertisements

Тиквеш за противник го доби составот на Драма од Грција. Македонско-грчката пресметка ќе почне на 14/15 септември во Грција, а ќе заврши седум дена подоцна во Македонија.

Алкалоид кој почнува од втората рунда, за противник го доби Драгунас Клаипеда од Литванија, додека Охрид ќе игра со Потаиса Турда од Романија. Првивите натпревари од втората рунда се играат на 19/20 октомври, реваншите се седум дена подоцна.

Европскиот куп на ЕХФ:

Прво коло:

Тиквеш – Драма (Грција)

Второ коло:

Алкалоид – Драгунас Клаипеда (Литванија)

Охрид – Потаиса Турда (Романија)

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button