Највисоките претставници на ЕУ ќе ги бојкотираат состаноците што ги одржува Унгарија

Европските комесари ќе ги бојкотираат неформалните состаноци што ги одржува унгарскиот премиер Виктор Орбан, а наместо тоа ќе бидат претставени од бирократи од пониско ниво за време на траењето на шестмесечното ротирачко претседателство на Будимпешта со Европската Унија, објави Европската комисија, по неодобрените состаноци на Орбан со рускиот и кинескиот лидер Владимир Путин и Кси Џинпинг.
„Во светло на неодамнешните случувања што го означуваат почетокот на унгарското претседателство, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одлучи дека Комисијата ќе биде претставена на ниво на високи државни службеници само за време на неформалните состаноци на Советот“, објави Ерик Мамер, главниот портпарол на Фон дер Лајен, на платфрмата X.
Унгарија протестираше поради најавата, при што министерот за европски прашања Јанош Бока ја обвини комисијата дека одбира институции и држави членки со кои сака да соработува.
„Комисијата на ЕУ не може да има институции и земји-членки со кои сака да соработува. Дали сите одлуки на Комисијата сега се засноваат на политички размислувања“?, напиша Бока на Х.