ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Хеликоптери и авиони од ЕУ за гаснење на пожарите

Европската комисија (ЕК) одлучи да им помогне на Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи, Балаш Ујвари.
„Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авиони од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.
Во Бугарија пак, според него, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.
Тој потсети дека во пресрет на летото ангажирале над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, и дека се подготвени да понудат дополнителна помош.