Во Скопје тешко се наоѓа паркинг место

Возачите секојдневно бараат начин да ги заштитат паркираните автомобили од високите температури. Оние пак кои кратко време се паркирани и чекаат во автомобилот, воопшто не ги гасат возилата, за да може климата да работи.
„На ова топло време не треба да излегуваме, туку потребите те тераат дефинитивно да излезеш. Овде во Скопје е катастрофа, погледнете ја состојбата на паркинзите и цените за паркинг“, вели еден граѓанин.
Најголем дел од паркинг местата во главниот град се на отворено. Социјалните мрежи беа преполни со фотографии каде температурата надминува 55 степени Целзиусови во нивните автомобили оставени на сонце. За човечкото тело, влегувањето на оваа температура е шок и затоа треба да се почека додека автомобилот малку не се излади.
За сите возачи кои ги паркираат своите автомобили на отворени простори на овие високи температури, важно е да внимаваат да не заборават работи кои би предизвикале пожар во нивните автомобили.
Експертите апелираат да се внимава, особено со запалките, парфемите, дезодорансите, но и на газирана вода, која исто така може да експлодира поради високите температури и затоа да не се оставаат во паркирано возило.
Авни Тахири