ВЕСТИСВЕТ

Мишел со критики за Орбан: Тој нема мандат да преговара за Украина во име на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го искритикува унгарскиот премиер Виктор Орбан поради „самопрогласените“ мировни мисии на унгарскиот лидер во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон.

Advertisements

Во писмото до Орбан, како што пренесува „Политико“, Мишел потенцира тој нема мандат да преговора во име на ЕУ, а упати и критика за неговата изјава дека ЕУ има „провоена“ позиција во Украина.

„Ротирачкото претседателство со Советот нема улога во претставувањето на Унијата на меѓународната сцена и не доби мандат од Европскиот совет да се ангажира во име на Унијата“, потеннцира Мишел.

Мишел додава и дека тоа јасно го кажал уште пред посетата на Москва, а потоа го повторил и високиот претставник Жозеп Борел во неговата изјава од 5 јули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button