СПОРТ

Ѓорѓиески, бронзен медал на ЕП во Словенија!

Владимир Ѓорѓиески испиша историја во македонскиот билјард, бидејќи стана првиот Македонец кој освои медал на едно Европско првенство.

Advertisements

Нашиот репрезентативец во Подчетртек, Словенија настапи во категоријата инвалиди во колички и во дисциплината осумка се пласира на третото место и освои бронзен медал. На Европското првенство дресот на Македонија го носеше и нашиот шампион Христо Василевски, кој запиша неколку победи, но не успеа да стигне до разигрувањата за медали.

Во истиот град од 23 до 30 јули ќе се одржи и младинско Европско првенство, каде Македонија ќе ја претставуваат Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски./Gol.mk/

Foto : Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button