СПОРТФУДБАЛ

Јунајтед ја доби битката со Реал, Јоро на пат кон Манчестер

Манчестер Јунајтед ја доби битката со Реал Мадрид за ангажман на централниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро. Играчот веќе е на пат за Велика Британија, каде ќе ги изврши медицинските прегледи и ќе се финализираат условите со клубот за младиот фудбалер.

Advertisements

Јоро, кој има 18 години, имаше желба да замине во Реал Мадрид, но Лил ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед во вредност од 62 милиони евра, откако „кралскиот клуб” не беше подготвен да понуди слична сума. Иако уште има работа околу преговорите, договорот е веќе многу блиску.

Се очекува сега „црвените ѓаволи“ да се откажат од планот за Матијс де Лихт, бидејќи тешко може да се постигне договор за трансферната сума со Баерн Минхен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button