ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата вели дека наследила хаос и долгови

Со ребалансот на буџетот се предвидени вкупно 4,1 милијарда денари за плати, од кои 1,1 милијарда се за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет и 5 милијарди денари за пензии, најави министерката за финансии. Димитриеска Кочоска ја започна прес-конференцијата со состојбата која ја затекнале, односно држава во хаос и долгови. Министерката додаде дека првично проектираниот БДП е неостварлив.

Advertisements

На прес-конференцијата Димитриеска соопшти дека вкупните приходи во буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е зголемување за 8,22 милијарди денари. Планирано е и зголемување на даночните приходи. Расходите се планирани на 362 милијарди и 816 милиони денари, што е зголемување за 19 милијарди денари. Од опозициската партија СДСМ велат дека по детална анализа ќе ги соопштат своите забелешки.

Вкупните приходи во буџетот се планирани на ниво од 318 милијарди 150  милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари. Ова зголемување е резултат на повисоко остварување на придонесите, а се темели на зголемување на платите во дел од јавните институции. Исто така планирано е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки.Расходите се планирани во износ од 362 милијарди 816 милиони денари. Врз основа на направената прераспределба се обезбедени околу 20 милијарди денари, дополнително уште 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button