ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: 40 милиони евра за општините со Албанци

На владината седница на која на дневен ред беше предлогот за ребаланс на буџетот меѓу другото беа обезбедени 100 милиони евра за општините и зголемување на пензиите за 2.500 денари веднаш и уште 2.500 следната година. Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека годинава ќе се издвојат околу 40 милиони евра за капитални инвестиции во општините населени со Албанци.

Advertisements

„Една од главните точки на кои е ориентирана оваа влада е економскиот развој и особено финансиската децентрализација. Во оваа насока ќе се обидеме 15-16 албански општини да го добијат нашиот заслужен дел. Ќе се одвојат 100 милиони евра за локални капитални инвестиции, некаде околу 30-40 милиони евра, во зависност од проектите што се готови. Ќе се наменат за конкретни проекти во општини со мнозинско албанско населени за решавање на елементарни проблеми, со кои се соочуваат граѓаните“, рече Меџити.

Од коалицијата ВЛЕН велат дека претходната влада предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими од редовите на Демократската унија за интеграција го оставила буџетот во лоша состојба. Во времето кога ДУИ беше во влада, буџетот се менаџираше на катастрофален начин, со што земјата беше во многу тешка финансиска состојба, обвинуваат од ВЛЕН.

„ДУИ безмилосно го украде државниот буџет. Нивното владеење од над 20 години ги остави без трошка надеж граѓаните, особено албанските населби, каде што имаме егзодус на млади Албанци. Оваа партија, покрај тоа што е позната по корупција, демонстрираше целосна нетранспарентност и одговорност, уништувајќи ја довербата на граѓаните во јавните институции“, рекоа од ВЛЕН.

Коалицијата ВЛЕН вели дека ќе се бори против финансискиот криминал и корупцијата со тоа што ги повикува граѓаните да бидат внимателни и да бараат одговорност од секој функционер во новата влада.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button