ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ бараат автентично толкување на член од Законот за игри на среќа

Пратениците од Вреди и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со цел да добијат прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на државната лотарија за интернет игрите на среќа има законска основа.

Advertisements

Законот обврзува да се формира само едно трговско здружение на кое државата, имено Државната лотарија, е доминантна со акционерска сопственост од 51 отсто.

Закон за игри на среќа и забавни игри:

„Во ставот 2 е наведено: Лотариските игри на среќа, освен затворените лотарии, РСМ ги организира самостојно со основање трговски друштва за приредување игри на среќа. Сега со член 3, на Македонската лотарија и се дозволува да основа неограничени нови трговски друштва“.

Законот не дозволува давање повеќе од една лиценца и тоа е предвидено во став 5 од член 7 со кој се санкционира преносот на лиценцата од едно на друго трговско друштво или трговец поединец, но со ставот 4 се овозможува такво дејствие, односно доделување лиценца која може да се пренесе на трговски друштва.

Во декември 2023 и јануари 2024 година, со одлука на Владата лиценцирани се уште три компании, и тоа организатори на коцкање и онлајн коцкање. Државна лотарија – MOZZART Основана во јануари 2024 година со адреса во Белград, управител Душан Симовиќ. Државна лотарија – ВЕЗУВ основана во јануари 2024 година со адреса во Скопје и управител Тихомир Фиданоски и Државна лотарија – 77 БИТС основана декември 2023 година со адреса во Битола и управител Марина Милошевска. Инаку, во февруари годинава Собранието го изгласа законот за игри на среќа, предложен од претходната Влада. Но, бидејќи законот беше донесен со европско знаме, не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски. Во вториот обид истиот закон не помина бидејќи ДУИ и СДСМ ги заладија односите откако не учествуваа како коалиција на изборите.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button