ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Долги колони на граничните премини – Царината најавува промени во работењето

Во екот на летната сезона кога е голема граничната размена на луѓе и стоки, особено на сезонско овошје и зеленчук, превозниците се жалат на долги редици на чекање и административна бирократија на граничните премини. Тие велат дека овошјето и зеленчукот се изложени на ризик од расипување поради чекањето со часови на толо време. Камионџиите се „натпреваруваат“ со мито, само да ја поминат робата, но оваа појава мора да се искорени, изјави денеска новоименуваниот директор на царината Бобан Николовски.

Advertisements

Иако Македонија има потпишано протокол со северниот сосед дека шлеперите се мерат само еднаш на заедничките царински пунктови, за да се намалат долгите редици и часовите на чекање, овој протокол се уште не е соодветно имплементиран. Според официјалните информации, од февруари до денес, овоаа можност ја искористиле 550 камиони. Здружението на транспортери „Макам-Транс“ ги повикува граничните власти да се придржуваат до овој протокол.

Усогласувањето на работното време на инспекциските служби на граничните премини, автоматизацијата на терминалите и поврзувањето со новиот систем за видео надзор, е една од можностите што Царинската управа ќе ги промовира во следните месеци. Според Николовски, во овој контекст би помогнала и дигитализацијата и меѓуинституционалното поврзување на граничните служби.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button