СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Брејдаблик потешко отколку се очекуваше го елиминира Тиквеш

Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, доживеа елиминација во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Иако имаше позитива од еден гол (3-2) од првиот меч во Скопје, а прв поведе и на Исланд, на крајот сепак загуби со 3-1. Тоа беше доволно за Брејдаблик да се пласира во следната рунда.

Advertisements

Едиз Спахиу уште во седмата минута донесе предност за Тиквеш.

Но, домаќинот израмни во 44.минута со голот на Кристин Стеиндорсон. Хоскулдур Гунлауксон во 53.минута ја анулираше предноста на Тиквеш од првиот меч, голот што го трасираше патот на Брејдаблик во следната рунда беше дело на Кристофер Кристинсон во 85.минута од дуелот. Всушност, тој беше во дуел со Даниел Мојсов, кој со лизгачки старт се обиде да расчисти, а на крајот топката заврши во мрежата на Тиквеш.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button