СПОРТ

Македонија со 7 спортисти на Летните Олимписки Игри “Париз 2024”

Македонија ќе биде претставувана од седум спортисти, од кои четворица во машка и три во женска конкуренција, на Летните Олимписки Игри 2024 кои на 23. јули стартуваат во Париз.

Advertisements

Од нашава земја во Франција ќе настапат пливачите Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА), борачот Владимир Егоров, златен од ЕП 2022 во Будимпешта, кој ќе настапи со олимписка А-норма, таеквондистката Милијана Рељиќ, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и атлетичарот Дарио Ивановски, кој на 10 август ќе настапи на маратонската трка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button