ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тело на давеник извлечено од Дојранското езеро

Од водите на Дојранското Езеро рано утринава е извлечено телото на 43-годишниот Д.М. кој вчера се удави во езерото. Мажот бил извлечен оттаму од тим од тројца пожарникари од струмичката противпожарна бригада.

Advertisements

Секторот за внатрешни работи Струмица потврди дека телото на мажот е извлечено и е предадено на обдукција.

Според информациите кои вчера ги објави полицијата, мажот се удавил во Дојранското Езеро вчера претпладне откако од чамец скокнал во водите и отпливал неколку метри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button