ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСВЕТ

САД: Деловната клима во земјава погодна за корупција

Корупцијата е постојан предизвик за бизнисите и странските инвеститори во Македонија. Ова е заклучокот на Стејт департментот на САД во извештајот за бизнис климата за странски директни инвестиции за 2023 година. Во извештајот се нагласува дека во Македонија генерално е лесно да се води бизнис и дека правната рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, но корупцијата е сериозен проблем. СД ги предупредува потенцијалните странски инвеститори на „непотребно мешање на извршната, деловната и политичката власт во судството“, како и на недостиг од кривично гонење за случаите на Антикорупциската комисија во кои  во фокус се  високи функционери.

Advertisements

Владата заостана во спроведувањето на големите антикорупциски реформи во текот на 2023 година за подобрување на независноста и непристрасноста на судството, наведуваат од Стејт департментот.

Спроведувањето на договорите и перцепцијата за недостиг на транспарентност во постапките за јавни набавки остануваат предизвици за бизнисите. Анкетите постојано укажуваат на јавните набавки како еден од главните извори на корупција.

… спроведувањето на антикорупциските закони честопати беше  селективно ги таргетираше владините критичари и прекршителите на ниско ниво.

Стејт департментот на САД изразува загриженост за комплицираните бирократски процедури за странските инвеститори, честата промена на законите и недостатокот на унифициран инструмент каде што ќе можат да се информираат за законите и регулативите.

„Северна Македонија нема едношалтерски систем за странски директни инвестиции, поради што инвеститорите мора да се движат низ неколку бирократски процедури за да ги реализираат своите инвестиции“, додаваат од Стејт Департментот.

Не постои единствен закон со кој се регулираат странските инвестиции, ниту пак веб-страница на едношалтерски систем што ги обезбедува сите закони, правила, процедури и барања за известување за инвеститорите.

…севкупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите промени во правилата и законите, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидлива деловна средина погодна за корупција“.

Од САД оценуваат дека одговорните деловни политики се нов концепт во Македонија.

„Претходно, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и прописи наменети да ги заштитат поединците од негативните деловни влијанија. Во март 2024 година, Парламентот донесе закон со кој се забрануваат нелојални трговски практики а во насока на промовирање на заштитата на потрошувачите и фер конкуренција преку ограничување на трговските маржи на 2.500 избрани прехранбени производи“, велат од Стејт Департментот.

Владата направи ограничени напори во 2023 година за привлекување нови инвестиции, фокусирајќи се на ублажување на ефектите од енергетската криза и инфлацијата, забележува американскиот Стејт департмент.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button