Ќе се врати ли задолжителниот воен рок? Еве што велат граѓаните
Ќе се врати ли задолжителниот воен рок? Еве што велат граѓаните

Ќе се врати ли задолжителниот воен рок. Оваа идеја се наметна во јавноста откако сосоедните земји одлучија повтроно да го воведат. Младите се ориентирани кон образование и кариера и не се согласуваат дека неколкумесечната обука во униформа би им послужила во секојдневниот живот.
„Јас лично не би отишол, дури и да го направат задолжително, не вреди бидејќи и години имам веќе. Не преферирам да одам, работам сопствен приватен бизнис„ изјави еден граѓанин.
Што мислите за идејата?
„Тие можат да смислат се за да дадат секакви идеи, но јас лично не го претпочитам тоа“, одговори граѓанинот.
„Јас не сум од овде, не знам!
Дали живееш овде
Не, живеам во Турција„ рече еден граѓанин.
Дали таму е задолжителен воениот рок?
Да, ми се јавија, но не отидов.
Дали имате право на одбивање?
Да, но не отидов затоа што не ме интересираше“, нагласи еден граѓанин.
Но, поинаку мислат постарите, кои исто така служеле воен рок. Велат дека порано не си можел да се ожениш ако не си завршил војска, како тест за физичка и психичка зрелост.
„Дали мислите дека младите треба да служат воен рок?
Треба, дефинитивно!
Од која причина, што би ви помогнало во животот? Во случај на војна треба да знаат да користат оружје, ако не ги знаат основните работи, џабе е! Треба да бидат вистински мажи бидејќи сега сите се нежни, нема мажи“, одговори граѓанинот.
Самостојниот синдикат на Армијата ја поздравува оваа идеја, нагласувајќи дека воениот рок треба да биде за секој маж и жена кои ќе наполнат 18 години и кои ќе можат да служат на земјата 6 месеци.
Првиот човек на овој синдикат Аднан Алити рече дека на нашата младина и е потребно воспитување преку воени наредби.
Воениот рок во Македонија беше задолжителен до 2006 година, кога со законски измени беше отстранета обврската и остана само доброволно од 3 месеци воен рок.
Аднан Ќаили