
Состојбата со пожарите почна да се подобрува. Денес е подобра во споредба со претходниот ден. Ова го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој рече дека во текот на денот ќе се настојува да се држат под контрола пожарите кои се активни, додека најкритична ситуација се јавува на планината Серта.
Со помош на локалните власти денеска беше распореден и хеликоптер од Црна Гора.
Активни пожари има во Македонски Брод, два на територијата на Чашка и 2 на територијата на Долнени. Од Центарот за управување со кризи се надеваат дека врнежите од дожд кои се најавени за следните два дена ќе влијаат на подобрување на состојбата.
Ајнур Бафќари