Потрошувачката кошничка над 75.000денари
Потрошувачката кошничка над 75.000денари

Во јули цената на минималната потрошувачка кошничка е зголемена за 245 денари. Според пресметките на Сојузот на синдикати, овој месец минималните трошоци за четиричлено семејство биле 60.570 денари и во однос на јуни се зголемени за 4 евра повеќе. Според новата методологија за пресметување на синдикалната кошничка, со киријата за стан од 60м2 расходите се зголемуваат на 75.945 денари или 1.235 евра.
Кошничката во јули
Храна и пијалоци 22.008 денари или 36,3%
Образование 7.022 денари или 11,6%
Кирија, вода, струја и парно 6.014 денари или 9,9%
Облека и обувки 4.979 денари или 8,2%
Транспорт 4.977 денари или 8,2%
Рекреација и култура 4.378 денари или 7,2%
Ресторани и хотели 3.890 денари или 6,4%
Комуникации 3.240 денари или 5,3%
Лична и хигиена во домаќинството 1.827 денари или 3%
Здравство 1.135 денари или 1,9%
Останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,8%
Вообичаено најмногу пари се потребни за храна, за што во јули за основни потреби биле потребни 22.008 денари, што претставува над 36 отсто од општите трошоци на едно семејство.
Од Синдикатот велат дека овие поскапувања се резултат на манипулациите на трговците за што е можно поголем профит.
Вредноста на минималната синдикална кошничка за месец јуни 2024 година изнесува 60.325,00 денари и со изнајмен стан од 60 метри квадратни за да се помине месецот беа потребни 75.945,00 денари. Тука не се вклучени летните одмори, кои за повеќетосемејства се луксуз.
Аднан Ќаили