ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска отвори предмет во врска со имотот на Јанушев

Антикорупциска отвори предмет во врска со имотот на Јанушев

Антикорупциска отвори предмет во врска со имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Пријавата била поднесена од Управата за финансиско разузнавање. Се бара проверка за имотот на владиниот генерален секретар, кој наводно не е пријавен во неговиот анкетен лист.На страницата на ДКСК во делот информации за имотната состојба, кај Јанушев се наведува дека поседува стан од 165 квадратни метри вреден 20 милиони денари, стекнат како подарок.

Advertisements

Опозицискиот СДСМ неколку дена прашува како генералниот секретар на Владата успеал на подарок да добие земјиште вредно 325 илјади евра во Општина Центар. Од партијата денеска излегоа и со прашање како овој имот на Јанушев е поврзан со имотот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за кого, исто така, обвинија дека поседува стан и деловни простории во зграда во Центар, за кои не е познато дали ги пријавил во анкетнитот лист.

Ако се провери имотната состојба на Тошковски, според податоците на страницата на ДКСК, тој поседува стан од 146 метри квадратни и деловен простор од 46 квадрати во Центар.

Тошковски и Јанушев денеска негираа дека поседуваат имот кој не го пријавиле во анкетниот лист, односно имот кој е стекнат под сомнителни околности, како што тврди СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button