ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Србија бара екстрадиција на Рамадани

Србија бара екстрадиција на Рамадани

Србија бара екстрадиција на поранешниот војник на ОВК на Косово, Блерим Рамадани, кој беше приведен пред една недела на граничниот премин Јажинце. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ рече дека тоа зависи од властите во Македонија. Тој денеска во Табановце, на средбата со својот колега , Панче Тошковски рече дека Србија има список со меѓународни потерници за припадниците на ОВК, кои се осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 97 до 99 година.

Advertisements

„Имаме список со многу луѓе кои учествувале во злосторства за време на војната, ги гониме и имаме  распишани потерници. Токму со помош на меѓународните потерници дел од нив се уапсени. Очекуваме одлука за екстрадиција, но ова е внатрешно прашање на Северна Македонија“, рече Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

На поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје. Во меѓувреме, на новинарските прашања во врска со последните обвинувања од Косово, дека Милан Радојчиќ, организаторот на настаните во Бањска, планира нови напади на Косово и дека без негово предавање не може да има напредок во разговорите, министерот Даќич изјави:

„Србија не го признава Косово како независна држава и тоа апсолутно не може да се случи. Немаме директна соработка со претставниците на тие привремени институции, според одлуката на Обединетите нации. Имаме соработка со ЕУЛЕКС и на тој начин разменуваме информации за овие процеси. Екстрадиција не може да се врши во Србија, додека Србија во својот состав го има и Косово, како што велат Обединетите нации.

Со кого разговарате, со Република Косово или со ЕУЛЕКС?

Апсолутно со ЕУЛЕКС!“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button