Таравари сподели и други детали во врска со вчерашната владина одлука за ангажман на 600 нови специјализанти
Таравари сподели и други детали во врска со вчерашната владина одлука за ангажман на 600 нови специјализанти

Министерот за здравство Арбен Таравари сподели и други детали во врска со вчерашната владина одлука за ангажман на 600 нови специјализанти во сите јавни здравствени установи во земјава.
Таравари рече дека годинава ќе се вработат првите 300 специјализанти, а следната година ќе се вработат уште 300. Тој додаде дека министерството ги подготвува критериумите за вработување и ја анализира состојбата во здравствените домови за слободни места на нивна распределба.
„Засега тие се приоритет. Моја лична задача беше да изнајдам решенија за специјализантите и многу сум среќен што успеавме да најдеме решение уште во првиот месец. По предлогот на министерството, кој помина во Владата, од вкупно 647 специјализанти годинава ќе се вработат 300. Сега треба да поставиме критериуми и потоа да бараме каде има интерес во здравствените домови. Уште 300 ќе останат за следната година“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Специјализаните ја поздравија синоќешната одлука. Тие одржаа средба со министерот на која се разговараше за условите и критериумите врз основа на кои ќе бидат ангажирани.
Александра Георгиева, специјализант
Таравари рече дека во рамките на овој буџет очекува да се среди и прашањето за вработување на среден медицински персонал, кој долго време работи без решенија за работа.
„Во меѓувреме, мојата идна заложба ќе биде да ги видам оние кои работат подолг период, особено средниот медицински персонал, а немаат решенија за работа, да најдеме и за нив решение за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени “, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
– Значи, ќе се чека новиот буџет?
– Нема да го чекаме новиот буџет…“