Сончево и топло со температури до 39 степени
Сончево и топло со температури до 39 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. УВ индексот ќе биде 9. Минималната температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната температура ќе достигне 39 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 12 степена до 22 степена, а максимална температура од 31 до 40 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Вторникот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 13 степени до 23 степени, а максималната температура од 31 степени до 38 степени