Кривична пријава против Бектеши за „ попречување на правдата“
Кривична пријава против Бектеши за „ попречување на правдата“

Полицијата кривично го товари поранешниот министер за економија Крешник Бектеши поради сомнение за „попречување на правдата“ поврзано со порака што на 8 мај ја испратил до началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид. За наводното кривично дело, Бектеши може да добие парична или затворска казна. Според полицијата, на 7 мај евидентирани се две кривични дела злоупотреба на лични податоци и фотографирање на гласачкото ливче. Бектеши ја откри пораката што му ја испратил на началникот на полицијата. “Добро сторено. Јаки сте! Срам да ви е што се занимавате со млади луѓе“.
ВМРО-ДПМНЕ го поздрави ставот на Бектеш кој, според нив, јавно го прифатил притисокот врз полицијата и бара Јавното обвинителство да одлучи за верификација на кривичното дело.
„Што се за Бектеши младите? Дали тие се на возраст од 18 до 30 години и дали не треба да се гонат ако сториле прекршок или кривично дело? Каква порака испраќа Бектеши до младите? ДУИ, е подобро е да се оградат од луѓето како Бектеши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ овој чекор на полицијата ја оцени како оркестрирано политичко насилство.
„Го осудуваме „политички лов на вештерки“ што ги таргетира нашиот поранешен министер за економија Крешник Бектеши и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ упатени против него се последни во низата неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел да ја дискредитираат нашата партија и нејзините претставнициЌ, велат од Демократска унија за интеграција.
Првиот вицепремиер Изет Меџити не сакаше да ја коментира кривичната пријава против Бекштеши, но кусо рече дека со него треба да се позанимаваат органите на прогонот. Бектеши на парламентарните избори беше координатор на Европскиот фронт во ИЕ бр 5.
Делото за кое полицијата покренува сомнежи за притисок, според МВР, се случило на денот на изборниот молк, поточно на денот кога гласале затворениците или болните лица.
Адриан Керими