ВМРО – ДПМНЕ: СДС и ДУИ отпишаа долгови на трговци со струја меѓу нив и на синот на Муса Џафери
ВМРО – ДПМНЕ: СДС и ДУИ отпишаа долгови на трговци со струја меѓу нив и на синот на Муса Џафери

Долгот кон МЕПСО на неколку фирми трговци со струја во 2021 година изнесува 14 милиони евра. Неправилностите во работењето ги регистрираше и ДЗР. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Павер е и во сопственост на синот на Муса Џафери, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека тогашното раководство на МЕПСО прво донесло решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот.
– 14 милиони евра е штетата која сдс и дуи ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор. сдс и дуи го користеа и мепсо и есм за правење на милионски бизниси. од синот на муса џафери, внуците на али ахмети, дрин и бесијан, преку зоран заев, вице заев, венко филипче и димитар ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на сдс и дуи од 2017 до 2024, се вели во денешната партиска реакција.
Од партијата порачуваат дека и во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност и затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има.