ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Отворена е постапка за случајот Државна лотарија

МВР: Отворена е постапка за случајот Државна лотарија

ВМРО-ДПМНЕ бара од полицијата и обвинителството да ги расветлат прекршоците кои ги констатираше Владата дека Државната лотарија доделила лиценци спротивно на законот.

Advertisements

Од МВР кусо соопштуваат дека е отворена постапка за проверка на сомнежите и информациите на Министерството за финансии.

„За случајот „Државна лотарија“ ве известуваме дека пријава стигна од Министерството за финансии и е  отворена постапка. Одделението за борба против организиран криминал постапува за потврдување на сомнежите и информациите за незаконско доделување лиценци од Државна лотарија“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Владата минатата недела освен што ја одзеде лиценцата од две фирми кои не платиле данок на државата, утврдила и дека Државната лотарија доделила лиценци спротивно на законот. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова било направено со дозвола и по барање на некои поранешни министри од претходната Влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button