Стоиљковиќ: Има упад во видео надзорот на Министерството со кое раководам
Стоиљковиќ: Има упад во видео надзорот на Министерството со кое раководам

Фирмата која ги постави безбедносните камери во Министерството за политички систем го заврши надзорот на контролниот систем. Извештајот доставен до министерот Иван Стоилковиќ е препратен до полиција .Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека за ваквото законско прекршување треба да има одговорност.
Од проверката што ја изврши Алсат, фирмата „Мак Аларм“ која го поставила видео мониторингот има адреса во Скопје. Со неа раководи лицето Љупчо Аврамовски, кој телефонски потврди дека е директор на оваа фирма и дека е направена соодветна проверка на системот од страна на вработените. Од проверката направена од компанијата „Мак аларм“ пронајдени се илјадници локални адреси со иста IP адреса. Стоилковиќ се сомнева дека некој ги следи вработените. Според него фирмата доставила извештај во кој се вели дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање на видео-надзорот, односно дека е извршен упад во системот. „Мак аларм“ го следи обезбедувањето во повеќе објекти од особено значење, меѓу кои и странски амбасади. Министерството за политички систем не се појавува на веб-страницата на оваа компанија. Од компанијата неофицијално ни соопштија дека меморандумот за соработка е потпишан во 2022 година. Поранешниот вицепремиер Артан Груби ги оцени обвинувањата на Стоилковиќ како неосновани, објаснувајќи дека безбедносните камери ги нашол во министерството и тие само ги следеле ходниците. /Alsat.mk