ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита за гасење на пожарите

Активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита за гасење на пожарите

Властите го активираа механизмот на ЕУ за цивилна заштита, бидејќи вчера беше забележан историски број пожари на отворено. Од 66 пожари, повеќе од 40 се изгаснати. Во борбата за гаснење на пожарите денеска се вклучени 1 српски хеликоптер, 1 чешки и два германски ертрактора. Помош стигнува и од Унгарија и од други земји. Мицкоски рече дека е загрижен од информациите дека голем дел од пожарите биле намерно подметнати, а ги повика граѓаните да бидат повнимателни.

Advertisements

Покрај механизмот на ЕУ, управниот комитет ќе побара и активирање на механизмот на НАТО за помош, иако како што рече директорот на Центарот за управување со кризи, во моментов нема потреба. Во моментов во земјава има 12 активнипожари.. Ангелов рече дека состојбата на државно ниво е тешка, но не и алармантна.

Според Ангелов, пожарите кои во моментов се најсериозни и претставуваат опасност се пожарите во регионот на Пехчево, во Старо Нагоричане, во Кратово. Активни пожари има и во Македонски Брод, Свети Николе и во регионот на општина Куманово. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button