ДУИ и ВРЕДИ се судрија на дебата за ребалансот
ДУИ и ВРЕДИ се судрија на дебата за ребалансот

По две децении на власт, на ДУИ сега во опозиција и текна да предложи реконструкција на локалниот пат Глажње-Гошинце во Општина Липково. Сепак, овој амандман на Европскиот фронт не помина на собраниската Комисија за финансии и буџет, во расправата за ребалансот на буџетот.
Владините претставници рекоа дека рехабилитацијата на локалните патишта е во надлежност на општините, повикувајќи ги општините да аплицираат во капитални инвестициски проекти каде извршната власт ќе издвои дополнителни средства. Пратеникот Ријад Шаќири од Липково рече дека пратениците на Коалицијата ВРЕДИ ќе бидат воздржани. Дебатата се заостри кога тој спомна многу нереализирани проекти во Општина Ликово кога ДУИ беше на власт.
За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата бидејќи средствата во Буџетот се планирани само за првите шест месеци од годината и има пари за обврски кои државата мора да ги плати, додека оценката на опозицијата е дека ребалансот е направен за да се задоволат коалициските преговори и не станува збор за никаква заштеда, бидејќи најмалку 12 нови функционери од четирите нови министерства мора да бидат исплатени од Буџетот.
Подготви: Аднан Ќаили