ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски најавува расчистување на случајот со Државна лотарија

Тошковски најавува расчистување на случајот со Државна лотарија

Полицијата ги истражува незаконските дејствија на Државна лотарија и по завршување на постапката може да се очекуваат првите кривични пријави. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека Министерството за финансии ги доставило сите потребни докази за индициите дека Државна лотарија доделила лиценци спротивно на законот.

Advertisements

Минатата недела Владата утврди дека Државна лотарија доделила лиценци спротивно на законот, и со одлука на Владата на две трговски здруженија им беа одземени лиценците поради прикривање данок. Истрагата започна по постапката за автентично толкување на членот од Законот за игрите на среќа од кој произлегла констатацијата дека Државна лотарија иако немала лиценца за себе, дала лиценци за други трговски друштва спротивно на законот. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека неколку поранешни министри од претходната влада влијаеле за ваквиот потег. /Alsat.mk

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button