ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Финансии молчи за уметниците од Ансамблот за песни и ора на Албанците

Финансии молчи за уметниците од Ансамблот за песни и ора на Албанците

Сè уште нема решение за статусот на 33-те уметници во Ансамблот за песни и ори на Албанците на кои им истекоа договорите за работа. Министерството за финансии, кое треба да се изјасни доколку се согласи со барањето на Министерството за култура за отворање на новиот конкурс, веќе неколку дена молчи на прашањата на Алсат.

Advertisements

Додека уметниците оставени на улица чекаат институциите да ги вратат на работа, тие не престануваат да реагираат на создадената состојба.

Пратеничката на коалицијата ВЛЕН, Саранда Имери Стафаи, нагласува дека со години се одложува донесувањето на новиот закон за култура, додека директорот на Ансамблот Шкодран Толај имал можност да им ги продолжи договорите.

„Предлогот на законот за култура се одолговлекува со години. Можеше да се реши на почетокот на годината, но изгледа не гледаа оправданост да го стават на дневен ред, биле „ангажирани“. Односно, познатиот директор можел да ги продолжи договорите на вработените во Ансамблот, а со усвојување на законот работното место да се трансформира во трајно решение. Последиците ги трпат оние кои не се виновни!“, пиши Саранда Имери Стафаи, пратеничка на коалицијата ВЛЕН.

На ваквата изјава реагираше директорот Толај кој изјави дека доколку ги продолжел договорите на 33-ца работници ќе сторел кривично дело.

„Точно е дека предлог закон за култура (за постојани вработувања) е испратен до Собранието од Владата на СДСМ – ДУИ, но овој предлог закон се уште не е одобрен! Додека истиот не е изгласано, продолжувањето на договорите без повторна согласност од Министерството за финансии претставува кривично дело кое не сум подготвен да го сторам! Законот е јасно дефиниран и немаше законска можност за продолжување на договорите, ниту има, без нов конкурс, за петгодишни договори како што е веќе познато!“, рече Шкодран Толај, директор на Албанскиот ансамбл за песни и ора.

Во текот на изминатите денови имаше остри реакции поради настанатата ситуација каде 33 вработени во оваа културна установа останаа без работа. Уметниците и културните работници го обвинија директорот дека институцијата ја третира како приватна сопственост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button