ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вреди предлага уставен амандман за незастарување на казнените дела

Вреди предлага уставен амандман за незастарување на казнените дела

ВМРО-ДПМНЕ, која не го поддржува предлогот на ДУИ за меѓународен ветинг, бидејќи смета дека е маневар за избегнување одговорност, не ја поддржува ниту иницијативата на владиниот партнер, ВРЕДИ за уставниот амандман со кој би се обезбедило евентуалните кривични дела сторени за време на вршењето на функцијата никогаш да не застарат. Според пратеникот Бојан Стојановски, во државата постојат механизми за борба против корупцијата, но во минатото немало политичка волја.

Advertisements

Одговарајќи на барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, коалицијата ВРЕДИ вчера предложи измени на Уставот. Според владејачките албански партии, со овие измени ќе се ревидираат сите процедури на функционерите, кои се прекинати поради застареност на делата.

„Законите може да имаат повратно дејство дури и во случаи поврзани со застарување на кривичната одговорност за злоупотреби извршени од страна на избрани и именувани функционери за време на вршење на јавни должности, каде што е предизвикана штета на јавните средства и буџетските средства на централно и локално ниво и каде што со тие злоупотреби е стекнато нелегално богатство“, рече Фари Хисени, ВРЕДИ.

Но, од Демократската унија за интеграција не реагираа на овој предлог. Тие го повторуваат ставот дека е потребен ветинг, бидејќи кредибилитетот на граѓаните во правосудството на ниво од 2% се должи на партиското мешање.

„Деновите минуваат, а партиите од моноетничката власт, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг на секој политичар во последните 30 години, вклучувајќи го и процесот на приватизација, молчат и се обидуваат да ја тргнат темата со празни изјави. Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го пријави своето богатство пред меѓународна мониторинг комисија за ветинг. Додека не го направите тоа, вие сте само измамници кои се обидуваат да ги крадете луѓето под слоганот „Фатете го крадецот“, велат од Демократска унија за интеграција.

ДУИ вети ветинг низ годините, но и покрај тоа што беше на власт веќе 22 години не го реализира тоа. Барањето се актуелизира во време кога новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, бара ДУИ да одговара за кривичните дела, кои според нив се извршени додека ги воделе институциите во државата. Според премиерот Христијан Мицкоски, за да го заштити нелегално стекнатото богатство, ДУИ планира дестабилизација на есен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button