ОЈО: Се бара виновникот за исклучените фрижидери во ИЈЗ
ОЈО: Се бара виновникот за исклучените фрижидери во ИЈЗ

Институтот за јавно здравје до Обвинителството го достави првичниот извештај за случајот кога беше исклучен фрижидерот каде се чувале реагенсите за разни болести, вклучително и за големата кашлица.
Од Обвинителството за Алсат известуваат дека во текот на оваа недела сослушале сведоци и работат на утврдување на причините за исклучување на фрижидерите.
„Обвинители од Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, извршија претрес и разговараа со повеќе лица. Од страна на Институтот за јавно здравје доставен е почетен записник за констатираната состојба. Причините за прекинот на електричната енергија и понатаму се испитуваат од страна на експертите“, велат од Основно Јавно Oбвинителство.
Обвинителството води истрага по две насоки, за „диверзија“ и „саботажа“, за што е предвидена казна затвор од 3 до 4 години за секое кривично дело.
Според полицијата, фрижидерите биле исклучени од страна на вработени од 14:30 до 16:00 часот.
Кутијата со осигурувачи и кабелот кој спроведува електрична енергија до фрижидерите се наоѓала во ходникот, каде што се движат сите вработени во одделението за микробиологија и бактериологија. Според директорот на ИЈЗ, од стотиците осигурувачи, исклучени се само оние од фрижидерите, па Обвинителството треба да утврди дали нивното исклучување било намерно или случајно.
По инцидентот, Институтот соопшти дека ниту еден од реагенсите што биле во фрижидерите што биле исклучени не бил расипан, и одделот за бактериологија продолжува да функционира нормално.
Сепак, тие презедоа чекори за зголемување на безбедноста. Имено, фрижидерите се преместени во специјалната просторија, која е затворена, а одредени работници се овластени да ги чуваат клучевите. Во меѓувреме, од сега па натаму, целосно ќе се евидентира приемот на материјали за доказите за голема кашлица, перформансите на антибиограмите или урокултурата.