
Американскиот претседател Џо Бајден, во интервју објавено вчера, изјави дека победата на неговиот претходник во Белата куќа, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на изборите на 5 ноември ќе биде „вистинска опасност за безбедноста на Америка“.
„Слушајте ме добро. Ако победи на овие избори, гледајте што ќе се случи. Тоа е опасно. Тој е вистинска опасност за безбедноста на Америка“, изјави Бајден во интервјуто за Си-би-ес.
Бајден се повлече од претседателската трка и ѝ отстапи место на неговата потпретседателка Камала Харис.