ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопјанец го запалил мотоциклот на мајка си, а сакал да предизвика пожар и на семејната куќа

Триесет и двегодишен скопјанец утрово бил уапсен од екипа на Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје откако по семејна расправија го запалил мотоциклот на својата мајка, а потоа се обидел да предизвика пожар и на куќата.

Инцидентот, на кој му претходела расправија меѓу осомничениот А.М. и неговиот 55-годишен татко, се случил околу 3:30 часот, а час и половина подоцна тој бил лишен од слобода од полициските службеници.

Advertisements

„На 12.08.2024 во 5 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М. (32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 3:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55-годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка. Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот скопјанец, додаваат од МВР, бил за задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button