Таравари: Владата ќе организира одбележување на годишнината од Рамковниот договор, ДУИ ако сака нека се журка приватно

ДУИ ќе биде поканета на утрешното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а тие, ако сакаат, може да си организираат приватна журка, рече денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, запрашан за коментар по најавите дека Интегративците планираат во сопствена режија да го одбележат датумот на кој во 2001 година беше потпишан Охридскиот Рамковен договор.
„ДУИ од секогаш имала тенденција да приватизира одредени настани. Сѐ уште не можат да прифатат дека се опозиција, но ќе се навикнат на тоа. Ние ги повикавме на утрешниот настан, којшто го организира владата на република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат да си организираат. Историските настани никогаш не биле нечија приватна припадност, секогаш ќе пропаѓаат на граѓаните“, рече Таравари.