ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Прилеп протести и блокада на жителите на прилепско Оревоец

Жителите на прилепско Оревоец одржаа едночасовна блокада изутрината од 7 до 8 часот на патот Прилеп-Плетвар, кај месноста Заполшки мост како револт поради ископите на „Бехтел и Енка“ до селото и владината одлука за издавање концесија, а потоа со протести застанаа пред зградата на Општината  во центарот на Прилеп. Тие, велат, не се откажуваат од протестите и бараат да се најдат решенија.

Advertisements

По средбата со градските власти, адвокатот Жаре Стеваноски рече дека добиле ветување дека до четврток прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ќе закаже средба со директорот на  ЈП за државни патишта. Револтот на жителите е поголем по владината одлука од 24 јули за издавање концесија на „Бехтел и Енка“ за мермер. Одлуката ќе ја оспорат пред Управниот суд.

-По донесената одлука на Владата на 24 јули за издавање концесија на „Бехтел и Енка“  и по нејзиното објавување откако дознавме, го организиравме денес овој помасовен протест и пред локалната самоуправа. Бевме повикани од градоначалникот Борче Јовчески. Свесен е за состојбата во која се наоѓа локалната самоуправа и можностите кои ги има на располагање, добивме ветување дека градоначалникот, најдоцна до четврток, ќе организира работен состанок со директорот на ЈП за државни патишта и со нивни претставници, со цел да ги соочиме аргументите „за“ и „против“ отворањето на рудникот во селото Оревоец, изјави Стеваноски.

Жителите очекуваат Управниот суд во побрз можен рок да одлучува и во однос на владината одлука и во однос на времената мерка за стопиање на ископите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button