СПОРТ

Медалите од Париз се распаѓаат, oлимпискиот медал од Токио изгледа многу подобро

Неколку олимписки победници од Париз не се задоволни од квалитетот на освоените медали. Американскиот скејтбордер Нијах Хјустон го снимаше својот медал и рече дека неговата бронза од Париз е веќе во лоша состојба. Хјустон освои бронза во екипна конкуренција за Сoeдинетите Американски Држави, а седум дена по освојувањето на медалот го критикуваше квалитетот на бронзениот медал.

Advertisements

Данскиот бадминтон натпреварувач Виктор Акселсен освои златни медали во Токио 2020 и Париз, па ги спореди. Олимпискиот медал од Токио изгледа многу подобро од оној од Париз.

Што се однесува до златните медали, тие не се целосно златни. Само на Игрите во 1904, 1908 и 1912 година медалите беа целосно направени од чисто злато. Интернационалниот Олимписки Комитет воведе норма според која шест грама чисто злато влегуваат во златниот медал на Олимписките игри. Останатите 523 грама употребени за златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5 проценти./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button