СПОРТ

Првата трансродова спортистка која ќе се натпреварува на Параолимписките игри

Валентина Петриљо ќе биде првата трансродова спортистка која ќе се натпреварува на Параолимписките игри, бидејќи е избрана да ја претставува Италија во параатлетика во Париз. Петриљо (50) ќе се натпреварува на 200 и 400 метри и е дел од спортистите со оштетен вид. „Би-Би-Си“ оцени дека нејзиното учество ќе биде „важен симбол на инклузија“. Валентина Петриљо минатата година освои два бронзени медали на Светското првенство во параатлетика.

Advertisements

Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс, за британската телевизиска мрежа изјави дека Валентина Петриљо е добредојдена во Париз и изрази желба светот на спортот да се обедини околу трансродовата политика.

Параолимписките игри во Париз ќе се одржат од 28 август до 8 септември, а наш единствен претставник ќе биде Оливера Наковска Бикова, која ќе настапи во три стрелачки дисциплини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button