ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Рамковниот договор донесе мир, но за одредени политички партии е најдобар и се спроведува само под услов кога тие се на власт

Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е една заедничка татковина за сите и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани.

Advertisements

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека 23 години се доволна временска дистанца на работите да се погледне со доза на објективност и да се говори за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред нас.

-Тоа што сме различни по етничка можеби и по верска припадност, не не прави различни по потребите и приоритети, а главна потреба и приоритет на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто тоа е така и кои се мотивите, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button