Загина малолетник, а неговиот брат е повреден во тешка сообраќајна несреќа со автобус на ЈСП

На крстосница во Шуто Оризари се случи сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП и возило со скопски регистарски таблички, при што животот го загуби 17-годишник, а уште еден е повреден. Сѐ уште не се знае точно кои се причините што довеле до трагедијата и загинувањето на малолетникот.
Според информациите, повредениот, кој е под лекарска нега, има 13 години и е брат на 17 годишната жртва. Жителите ја нарекуваат оваа раскрсница опасно место покриено со ѓубре.
Според МВР, на 12 август околу 09:30 часот до СВР Скопје е пријавен случај дека се случила незгода помеѓу автобус на ЈСП управуван од Г.М. 51-годишен и возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки управувано од 17-годишник од село Блаце. Во несреќата учествувал уште еден автомобил „фолксваген голф“, но возачот по несреќата го напуштил местото на настанот. Од незгодата со тешки телесни повреди во болница се пренесени 13-годишник и неговиот 17-годишен брат, каде што вториот починал. Се уште не се познати причините за оваа несреќа.
Пред околу еден месец имаше несреќа со автобус на ЈСП кај трговскиот центар „Мавровка„ каде покрај возачот беа повредени и патници. По несреќата возачот на ЈСП ја обвини компанијата дека вози со расипани автобуси, поради што се случуваат несреќи.
Авни Тахири