ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со свечена седница Владата ја одбележа годишнината од Охридскиот договор

Граѓаните да не паѓаат во замката на нови и бексонечни етничките барања на партиите кои сега се во опозиција, а го искористија времето на власт за лично збогатување, повика премиерот Христијан Мицкоски на свечената седница на Владата по повод одбележувањето на 23-годишнината од Охридскиот договор. Мицкоски рече дека за некои политички партии Охридскиот договор е најдобар, и важи само кога се на власт а штом се во опозиција, измислуваат критики и креативни решенија за негово исполнување. Мицкоски рече дека проблемите за сите граѓани без разлика на етничката припадност во државата остануваат исти.

Advertisements

Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Владата ќе продолжи во духот на Охридскиот договор и обврските што произлегуваат од него, како што е децентрализацијата. Во меѓувреме, на настан претходно организиран по истиот повод, Меџити рече дека Охридскиот договор не гарантира трајно останување на власт на ниту една партија.

„Последниве денови темата на Охридскиот договор пак се актуализира, но за жал, не во нејзино позитивно светло туку како инструмент за манипулација со јавноста… Охридскиот договор е договор за државата – не е договор за доживотно учество во власта на една политичка партија. Периодот пред нас ќе биде период во кој ќе отвориме нова етапа во политиката и креирањето политики“, рече Меџити.

Свечено одбележување по повод 23-годишнината од Охридскиот договор се одржа и во Музејот на современите уметности.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button